Конечно ќе се уредат автобуските постојки во градов

Граѓаните нема повеќе да чекаат градски превоз под ведро небо. При крај се и подготовките за организирањето на градските линии.

 |  Јаковлева Лионела  | 
avtobuska postojka
автобуска постојка

Охриѓани кои чекаат градски превоз најчесто се под ведро небо. На голем дел од автобуските постојки во градов нема ниту настрешници ниту пак клупа каде да се седне, се жалат тие. На оние пак каде има некаков покрив над глава најчесто е искршен па изложени сме и на дожд и на снег, а и на сонце, категорични се граѓаните.avtobuski postojki

Од Локалната уште пред една година распишаа тендер за  уредување на автобуските постојки, но тој беше неуспешен. Ништо подобро не завршија и останатите два. Но, од таму најавуваат дека за брзо време ќе се реши овој проблем.

Планирано е да има 30 постојки кои ќе бидат обележани со посебни знаци и ќе се разликуваат од досегашните. Локациите се цвеќе познати.
Портпаролот на Локалната, Симе Илиевски вели дека при крај се и подготовките за организирањето на градските линии. Во Охрид ќе има две. Во двата слиучаи ќе се тргнува од автобуската станица каде ќе биде и крајната дестинација на патниците. Има двајца туроператори кои ќе го спроведуваат превозот. Цената на билетите ќе биде пониска од досегашната, а одредена категорија граѓани како што се пензионерите ќе се возат бесплатно. Со организирањето на линискиот  градски превоз ќе има и одредени измени во одвивањето на сообраќајот како не би дошло до застој во истиот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top