Екипи на ЈП Охридски комуналец од денес започнаа да го средуваат просторот кај спомен- обележјето посветено на Коста Абраш на истоимената улица.
Екипи на ЈП Охридски комуналец од денес започнаа да го средуваат просторот кај спомен- обележјето посветено на Коста Абраш на истоимената улица.
Најпрво целиот потег околу спомен обележјето ќе биде соодветно исчистен,ќе бидат санирани бехатон плочките коишто се уништени а потоа парк- просторот ќе биде соодветно хорти културно уреден.
Оваа акција на Секторот за комунален развој и ЈП Охридски комуналец произлегува од директните политики на Градоначалникот Никола Бакрачески и Општината за достојно прикажување на богатото локално историско минато пред туристите коишто го посетуваат градот.
Надлежните од Секторот за комунален развој потенцираат дека ваквите нивни активности ќе продолжат и во наредниот период ,со несмален интензитет во насока на подобрување на состојбата со културно -историските споменици на целата територија на општина Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град