Комплетното уредување на градските паркови во централното градско јадро, заврши. Со засадување на 600 парчиња повеќегодишен саден материјал и 1200 сезонски цвеќиња, во паркот околу новиот споменик на Св. „Наум Чудотворец“, се реализаира минатогодишната програма на ЈП „Охридски Комуналец“. Не штедејќи средства, ЈП со садници од сопствено производство уште еднаш покажа како се уредува градското зеленило, местото за одмор. Првиот човек на претпријатието Сашо Алче, вели дека за таа намена потрошиле 300 000 илјади денари, но дека не застануваат тука.
Алче, исто така потенцира дека функционалноста во делот на уредување и одржување на парковите и кадровски е екипирана со професионалци, вработени во претпријатието.
Вака уредените паркови всушност се лицето на градот. Мора да се подвлече дека сепак тоа е заслуга на беспрекорното ангажирање и посветеност во тој дел на менаџерскиот тим на претпријатието. Останува јавната свест во делот на одржување на парковите да се подигне на максимално ниво, како цветната слика би била секојдневно рај за очите и мир на душата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град