Урбанизмот – не секогаш јаболко на раздорот

Осумтте точки од урбаната сфера кои се најдоа на крај од дневниот ред на 41 та седница, поминаа набрзина, безболно, само со еден исклучок-предлог Одлуката за утврдување Нацрт детален урбанистички план за дел од населбата Воска.

 |  Билјана Николоска  | 
sednica
sednica

sednicaОсумтте точки од урбаната сфера кои се најдоа на крај од дневниот ред на 41 та седница, поминаа набрзина, безболно, само со еден исклучок-предлог Одлуката за утврдување Нацрт детален урбанистички план за урбана заедница 4, дел од блок 4,2 опфат еден општина Охрид 2011-2016 (Воска). И покрај очекувањата и најавите на опозицијата на охридскиот совет, дека жестоко ќе реагираат и укажуваат за урбаното дивеење што се случува во градов, печат на денешната седница стави нивното молчење за точките од урбаната сфера. Единствена дебата се отвори за 13-тата точка, со која се предлагаше измени на дел од ДУП-от за Воска и тоа помеѓу советниците Дамоска од ВМРО – ДПМНЕ и Тунтев од СДСМ.
И покрај сите укажувања на јавноста, дека Охрид не заслужува да биде заложник на урбаното дивеење, охридските советници продолжуваат да изгласуваат  и спорни урбанистички решенија . Прашање е дали 23-та избраници не се моќни да се справат со притисоците од различна природа, или пак во игра е и некоја лична корист која ќе ја извлечат од кревањето два прсти за донесување на урбанистичките планови. Но и не кревањето два прста “за“, на што му претходи молчење при расправата за истите, е не помал грев и е своевидно одобрување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top