Урбана фото галерија во дворот на Државниот архив во Охрид

Од денеска до петок 12-ти ноември во дворот на охридскиот Архив ќе биде поставена фотографска изложба по повод „7-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид”. Урбаната архивска изложба на отворено содржи значајни фотографии од едно бурно минато на градот пред и за време на Втората светска војна и хероите кои ги положија своите животи на олтарот на слободата во која живееме денес.

 |   | 

Урбана фото галерија во дворот на Подрачното одделение на Државен архив Охрид го прикажува периодот непосредно пред Втората светска војна и Народноослободителната војна во охридскиот регион. Реставрираните фотографии од денеска се повторно изложени пред јавноста по 5 децении.

Самата изложба е креирана врз она како изгледал Охрид пред Втората светска војна, подигнувањето на свеста, посебно кај младите во тој период, потоа креирање на здружено и организирано движење за народно ослободување, текот на народноосолободителното движење и на крај претставени се дел од народните херои – вели доц. д-р Никола Митровиќ,  раководител на Државен архив–Охрид.

Преку фотографиите посетителите ќе можат да добијат претстава за животот во Охрид, но посебно има за цел да ги запознае помладите генерации со едно бурно минато на градот и со хероите кои ги положиле своите животи за слободата во која живееме денес, вели првиот човек на охридското одделение на Државен Архив, доц. д-р Митровиќ.

Опфатена е Општина Дебрца бидејќи знаеме дека таму е прогласен Манифестот на НОБ, првата партизанска келија е формирана таму. Оваа фото документација има значајна улога за да го прикажеме милјето на оние кои се движеле по патот на народното ослободување – вели Митровиќ.

Митровиќ потенцира дека ова е прва изложба од ваков оторен тип при охридскиот Архив и додава дека архивските урбани галериски изложби се моментален тренд во популаризација и публикација на документи и фотографии. Фотографската изложба ќе биде поставена до петок, 12-ти ноември во дворот на Архивот, а доколку дозволат временските услови истата на еден ден ќе биде поставена и на градскиот плоштад за да ја видат што поголем број граѓани и гости во Охрид.  

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top