• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Управувањето со отпадот на општината-најдискутирана тема од советниците на денешната седница

Управувањето со отпадот на општината-најдискутирана тема од советниците на денешната седница

Управување со отпадот во општината, општи мерки за заштита на населението од заразни болести, подземни контејнери и во Охрид. Ова е само дел од поинтересните предлог одлуки по кои денес се дискутираше во Советот на општина Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
sednica

Програмата за управување со отпад на општина Охрид за 2016та година се чини беше точката која побуди најсериозен интерес и најопширна дискусија помеѓу градските советници на денешната 51 седница на Советот на општина Охрид. Немањето на регионална депонија што за жал постои веќе како децениски проблем на општината, како и дискусијата околу тоа дали на депонијата во Мауцкер сеуште се одлага отпад и дали е тоа само градежен или таму се одлага и комунален отпад беа само дел од темите кои ги покрена токму оваа предлог одлука која не доби зелено светло од градскиот совет. За опозицијата прејак е терминот програма за управување со отпад бидејќи според нив, недостатокот на регионалната депонија претполага дека ваквата програма не може да биде именувана како таква.

programa otpad„Суштинското прашање во оваа програма е што тоа е програма само за одлагање на отпад, а не и онаа програма која треба да биде за управување со отпад. Жално е што оваа локална самоуправа, во текот на овие три години на нивно владеење не најде начин да го третира отпадот како еден значаен ресурс, и со тој ресурс да ги подобри приходите кои ќе се остваруваат во буџетот на општина Охрид. Покрај тоа што немаме ниедна квалитетна програма во која што депонијата ќе биде претворена во една бизнис единица, во која што отпадот ќе се преработува и ќе добиваме финални продукти од тој отпад.“-вели  Јован Стојаноски-координатор на советничка група на СДСМ.

Според секретарот на општината, Димитар Спасески, опозицијата ги извртува тезите бидејќи според него, токму во времето на претходното раководство на локалната и ЈП „Комуналец“ била создадена депонијата во Мауцкер. Спасески вели дека локалната и тоа како презема мерки во насока на конечна изградба на регионалната депонија која би функционирала во нашиот југозападен плански регион.

regionalna deponija„Уште од самиот почеток во областа на управувањето со отпад има донесено неколку значајни мерки и активности и од тој аспект тврдењата на опозицијата дека се работи за обичен лист хартија наречена програма навистина не држат затоа што непосредно по преземањето на локалната самоуправа, оваа локална самоуправа донесе одлука за приклучување кон иницијативата за изградба на регионални депонии, тоа иако требало претходно да се направи, не било направено. Понатаму оваа локална самоуправа изврши комплетна забрана за депонирање на ѓубре на тој дел, иако се обидуваат да ги извртат тезите, сепак тоа кај граѓаните и во јавноста не поминува од едноставна причина што ова раководство на Комуналец навистина презема мерки за заштита на депонијата од фрлање ѓубре.“-рече Спасески.

Точка на дневен ред на денешната седница беше и  програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2016та година. При дискутирањето на оваа предлог одлука, советниците од опозицијата изнесоа тврдења дека еден од клучните аспекти на ваквата програма, а кој се однесува на хигиената во училиштата во градов не е на задоволително ниво.

opsti merki za zastita„Не е донесена во разговор со пошироката стручна заедница но и во неа не се предвидени голем број на мерки кои што пред се ќе значат заштита на децата во основните и средните училишта на територијата на општина Охрид. Ние сето тоа го напоменувавме, меѓутоа и во овој момент, и во овој случај немавме разбирање од страна на другите советници, така да оваа програма е реализирана. Меѓутоа незадоволството на граѓаните кои секојдневно го рефлектираат и изразуваат и во нашата партија и во секојдневните разговори, е дека хигиената во училиштата не е на задоволително ниво, тоа е дефинитивно.“-изјави координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.

Секретарот на општината пак смета дека сите вклучени во образовниот процес водат сметка за хигиената во училиштата, како и тоа дека на оваа тема често се разговара и во рамки на активот на директори.

higiena vo ucilistata„Навистина јас и при самото изнесување на самото тоа тврдење излегов на говорницата и тоа и во оваа прилика ќе го демантирам. Навистина во рамки и на основните и на средните училишта во Охрид има услови за одржување на наставата, со тоа што можам да потврдам дека хигиената е на високо ниво, секогаш има простор да се работи на унапредување на тој процес. Директорите се посветени на тоа, самиот наставен кадар е посветен на тоа, и од тој аспект јас не гледам никакви причини за таквото тврдење. Тоа за мене е едноставно паушално тврдење и без соодветни факти и аргументи.“-вели Спасески.

Оваа програма беше усвоена, исто како и предлог одлуката за измени и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште, предлог одлуката за одредување локации за подземните контејнери. Зелено светло доби и правилникот за давање дополнителни услуги на територијалната противпожарна единица, како и точката за измени и дополнувања на програмата за поставување на урбана опрема. Во рамки на денешната седница, воедно беа изгласани и 69 точки кои се однесуваа на легализација на бесправно изградени објекти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top