Поради големиот интерес на родителите за Бреинобреин програмата, од годинава упис на деца се врши во месец февруари. Со оваа програма децата стануваат лидери на сопствениот живот со јасно дефинирани цели, ги изнаоѓаат на патишта за остварување на целите кои си ги поставиле во животот, велат од тимот кој работи со децата.
Уписите во Бреинобреин програмата за развој на напредни умствени вештини и способности кај деца од 4 до 14 годишна возраст сеуште во тек. Оваа програма полни пет години успешно функционира во просториите на Црвен Крст. Како што кажа инструкторот на оваа програма Валентина Кузманоска, објавуваат огласи на почетокот од учебната година, но заради големиот интерес на родителите годинава уписи има во месец февруари.
„Во тек се уписите и најдобри информации родителите кои што се заинтедресирани за прогрмата можат да добијат во сабота и наредната седмица, од 9 до 19 часот имаме лице во просториите на Црвениот Крст росителите слободно нека ги донесат своите деца имаат м ожност не само да се запознаат со програмата од страна на тимот кој ја води, туку и отворен ден каде што можат да присуствуваат на часови и конкретно да видат што се се работи во програмата со дечињата“ – нагласи Кузманоска.
Вештните кои учениците ги стекнуваат со учење на Бреинобреин програмата ги користат во текот на целиот свој живот нагласува Кузманоска. Додава дека преку различни активности и методологија која се работи со програмата се постигнува голем процент на концентрација, меморија, визуелизација, имагинација, на високо ниво се подигнува самодовербата кај дечињата, комуникациски и нумерички вештини, креативниот.
„Целта е да постанат лидери на сопствениот живот со јасно дефинирани цели, изнаоѓање на патишта за остварување на целите кои си ги поставиле во животот. Програмата е концепирана во 10 нивоа секое ниво трае по три месеци по завршување на едното ниво се полага завршен тест со кој дечињата се стекнуваат со меѓународно признати сертификати и тоа е предуслов да се продолжи со наредното ниво“ – вели Кузманоска.
Со дечињата се работи еднаш во неделата најчесто за време на викендите и предавањата траат по два часа. Инаку Центарот Бреинобреин – Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија кој започна со работа во 2010 година. Зад нив веќе стојат бројни трофеи и медаљи на учениците и тренерите, освоени на државните натпревари во Скопје во 2012, 2013 и 2015 година, како и на меѓународните натпревари во Загреб, Хрватска и во Дубаи, Обединети Арапски Емирати во 2015 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град