Во нашиот град од годинава има четири средни школи во кои учениците можат да го продолжат своето образование. Секоја од нив со свои специфичности и понуда.
Во гимназијата Св. „Климент Охридски“ со завршено основно училиште ќе се запишат 272 ученици во осум паралелки. Новина е што годинава економското училиште и медицинската паралелка се одделуваат од гимназизското. Па така во средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ односно во економското училиште ќе имаат можност да се запишат вкупно 170 ученици. Од нив 136 во економско-правната и трговската струка, а 34 ученици во здравствената струка. Уписите се спроведуваат денес и на 25 јуни. Ланската година паралелките броеја околу 25-27 ученици па се очекува тој број да се запази и оваа година.
Друга можност за продолжување на образованието на основците им нуди ЕМУЦ Св. „Наум Охридски“. Во овој стручен среднообразовен центар има место за 432 ученици. Запишувањето се реализира во два уписни рока. Во јуни има две пријавувања. Првото е денес и утре, а второто на 30 јуни и 1 јули. И оваа година остануваат истите образовни профили и плус уште три нови од тригодишното образование. Тоа е автомеханичар од машинската струка и електромеханичар и електроинсталатер и монтер од електротехничката струка.
И во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ започнаа уписите. Очекуваат да запишат 272 ученици во четирите паралелки келнери, готвачи , хотелско туристички техничари и хотелски техничари како и во двете нови дисперзирани спортски паралелки за фудбал и ракомет. Запишувањето и во ова стручно училиште ќе се одвива денес и на 25 јуни.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град