Упад на официјалната веб страна на Општина Охрид

Непознат сторител ја хакирал страницата која е на англиски јазик и поставил вулгарен текст кој се однесува на бродската насреќа.

 |  Крсте Голабовски  | 
web
веб страна

Непознат сторител успеал да ја хакира англиската верзија на официјалната веб- страница (www.ohrid.com.mk). Портапоролот на Општината Симон Илиевски информира дека сторителот успеал и  ги избришал поставените содржини на неа и на бугарски јазик напишал дека страницата не била обезбедена.

web strana

„ Непознатиот сотрител хакерот ги тргнал сите содржини кои беа поставени на страницата и има поставено текст во кој вели дека успеал да влезе на старницата и има напишано вулгарен текст кој што се однесува на бродската несреќа и зборови кои што се употребени ќе ги навредат не само македонците туку и бугарите и ќе ги влошат сега добрите меѓусебни односи“, вели Илиевски.

Портпаролот на Општината додава дека  случајот веднаш е пријавен во охридската полиција, како и кај провајдерот кој ја одржува страницата за истата веднаш да ниде блокирана.

portparol„Инаку да кажам околу безбедноста дека преку нашиот провајдер имаше заштитен пасворд и корисничко име и многу тешко и за прв пат се влегува на тој дел. По блокирањето на страницата нашиот провајдер ни додели нов пасворд и корисничко име и официјалната веб страница на општина Охрид е во функција и понатака ке продолжи да си ја врши својата функција. да ги информира граѓаните“, додава портпаролот.

Од општината информираат дека ова е прв случај на упад и уривање на една наша страница од поставувањето и се надеваат дека тоа ќе биде и последен пат бидејќи нивните ИТ експерти заедно со провајдерите прават се што е можно за уште повеќе да како официјалната така и другите веб страници на Оштина Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top