• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Универзитетот Св.Апостол Павле ќе ја интензивира научната соработка со научен институт од Јапонија

Универзитетот Св.Апостол Павле ќе ја интензивира научната соработка со научен институт од Јапонија

Во Јапонија склучен договор за соработка помеѓу Институтот за наука и технологија од Нара и Универзитетот „Св. Апостол Павле“.

 |  Мишел Наумоски  | 
sorabotka

Интензивирање на научната соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ и Институтот за наука и технологија од Нара-Јапонија. Ректорот на „Св. Апостол Павле“ – проф. Нинослав Марина и претседателот на Институтот за наука и технологија од Нара – проф. Наотаке Огасавара потпишале договор за соработка помеѓу двете институции.

uist sorabotkaДоговорот е потпишан во рамките на посетата на ректорот Марина на Институтот од Нара, а истиот предвидува интензивирање на научната соработка помеѓу институциите потписнички, особено во насока на трансфер на знаења и технологии и соработка при реализација на научни проекти. Според ректорот Марина, институтот за наука и технологија од Нара е помеѓу водечките високообразовни институции во Јапонија со силен фокус врз истражувачката работа и импресивни резултати во остварувањето на приходи од продажба на патенти. Тој вели дека меѓународната соработка и поттикнувањето на истражувачката работа заземаат централно место во рамките на програма на охридскиот универзитет, и според него оваа соработка нуди големи потенцијали во насока на развој и подигнување на реномето на универзитетот „Св.Апостол Павле“.

Во рамките на неколкудневниот престој, ректорот Марина ќе одржи и повеќе предавање и ќе има можност одблиску да се запознае со структурата, истражувачките капацитети и актуелните научни проекти на Институтот за наука и технологија од Нара. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top