Проф. Др.Јованка Биљаноска како редовен професор на ФТУ Охрид, учествуваше на првиот светски конгрес кој неодамна се одржа во Чанаккале, Турција. Со големи импресии, Биљаноска ја потенцира важноста на еден ваков голем и несекојдневен настан. „Предизвик е да се биде учесник на светскиот конгрес посебно заради сознанието дека традиционалниот концепт на универзитетите не важи во новото време, во услови на глобализација на сите текови, вклучувајќи го тука и образованието“, рече Биљаноска.
На светскиот конгрес на универзитетите, покрај главната мото тема „Кои се новите цели и одговорности на универзитетите во рамки на глобалните проблеми“, се отвориле и посебни теми. Проф. Биљаноска рече дека на конгресот било елаборирано и формулирање на нова дефиниција за универзитетот и вклучување на истиот во сите актуелни теми и проблеми.
Дел од начините за следење на модерните текови за универзитетите, имаат добра подлога за развој и кај нас, вели Проф Биљаноска. Додава, дека некои веќе се применуваат.
Професор Биљаноска, со задоволство истакна дека била интервјуирана за Универзитетската телевизиска мрежа, каде посебно го истакнала значењето на настанот и донесувањето на Завршната декларација.
Во декларацијата, било заклучено дека „основните цели и задачи на универзитетите не смеат да бидат ограничени само на тренинг образование, истражување и јавни услуги“, туку треба да бидат проширени со темите дискутирани на Конгресот. Првиот светски конгрес на универзитети се одржа од 20-24 ти октомври на Универзитетот Осумнаесетти март во Турција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град