Информатичкиот универзитет „Св Апостол Павле“, наместо да се дислоцира се реновираше.
Информатичкиот универзитет „Св. Апостол Павле“ и оваа академска година останува на старата локација. Со цел просторот да ги задоволи потребите на студентите, изминатиов период универзитетот се реновираше и прошируваше. Ректорот на универзитетот проф. Д-р Нинослав Марина вели дека новиот дел ќе ги задоволи потребите за блиска иднина, но додава дека на подолг период раководтвото размислислува за зголемување на капацитетите.
„Процедурата со касарната е сеуште отворена и уште стои како опција и во наредниве месеци ќе ве известиме за динамиката околу новиот универзитетски кампус во бившата касарна“, истакна проф. Д-р Нинослав Марина, ректор на„Св. Апостол Павле“.
И градоначалникот признава дека поранешната касарна е идеално место за уневрзитетски кампус. Тој открива до каде е постапката за превземање на дел од земјиштето од министерството за одбрана во владение на локалната самоуправа.
„Постапката е сеуште во тек. Преговараме со министерството за одбрана и веќе ја отпочнавме постапката за превземење на дел од просториите и земиштето од поранешната касарна. Се надевема дека овие преговори набрзо ќе завршат и ќе имаме можност дел од тој имот да биде превземен од страна на локалната самоуправа и понатака ќе биде искористен во зависност како размислуваме да го урбанизираме тој дел од градот“, истакна градоначалникот на Охрид,Никола Бакрачески.
Градоначалникот додава дека Охрид како ретко кој град во Р Македонија има недостаток и на општинско и на државно земјиште така да потребите за ваков имот се екстремно големи. Првиот човек на Охрид уште додаде дека сеуште се вршат анализи за тоа како порационално да се искористи просторот кој за скоро време ќе биде општински. Инаку зафатите за проширување на информатичкиот универзитет започнаа во месец јануари годинава. Ректоратот на универзитетот се одлучи на овој чекор затоа што зградата на поранешниот дом на АРМ и 350 те квадрати кои им беа ставени на располагање, беа премалку за нивните потреби. Со доградбата универзитетот доби три пати поголем простор од оној со кој располагаше. Новите простории се наменети за настава и за нови канцеларии како и за нови лабаратории.
Ако се тече како што треба информатичкиот универзитет за брзо време ќе се префрли на дел од 230.000 квадрати кај поранешната касарна. Покрај универзитетот според првичните најави на предходната локална власт за таму испланирани беа капацитети кои им недостасуваат на жителите од овој дел на градот. Покрај сместување на универзитетски и средношколски центар беше планирана и изградба на амбуланта, црква, трговски и спортски центар. Дали и што од ова ќе се реализира останува да видиме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град