Се уништуваат електричните столбови од јавното осветлување

Капаците од електричните столбови од јавното осветлување во Охрид, повторно мета на вандали. Досега не е откриен ниту еден сторител на вакво дело. Од Фондот за Комунален развој сообраќај и патишта при општина Охрид апелираат за совесност кај граѓаните.

 |  Николоска Биљана  | 

Столбови од уличното осветлување на ул.АСНОМ, Карпош Војвода и др.места во градов неколку дена стојат со отворени капаци во делот каде што се спојуваат каблите од напојувањето. Опасноста е очигледна. Љупчо Танески од Фондот за комунален развој вели дека ваквата состојба не е нешто ново. За тоа имале и дојава од граѓаните кои живеат во овој дел од градот, но и нивните служби кои се грижат за јавното осветлување ја увиделе состојбата на терен.

„Во изминатиов период сведоци сме на немили настани на уништување на определен број на реквизитите кои служат за јавното осветлување. Овој пат на удар на вандалското однесување на поединци беа капаците на електеричните столбови за јавно осветлување. И во минатиот период посебно пред почетокот на летната сезона 2014 год бевме сведоци на вакви настани и тогаш во релативно брз период успеавме да ги замениме овие капаци за да не провиснуваат електричните кабли“– вели Танески.

Танески прдупредува дека сторителите на вакви дела се изложени на ризик од удар на електрична струја, но истите претставуваат потенцијална опасност и за сите кои поминуваат покрај ваквите столбови, посебно кога времето е врнежливо.

„Станува збор за електрични столбови под напон, кои што имаат определено количество на електрична енергија па допирот може да предизвика некаква опасност. Но по увидот на екипите капаците кои што недастасуваат и се уништени за брзо време ќе бидат заменети и нема да претставуваат опасност по безбедноста и сигурноста по граѓаните кои гравитираат на овој дел на градот“– изјави Танески.

Со овој проблем биле запознаени и во општинскиот инспекторат, информира Танески. Договориле да има позасилени контроли од страна на инспекторите.
Танески апелира да не се уништуваат капаците на електричните столбови пред се заради безбедност и сигурноста на граѓаните, но и заради влијанието врз квалитетот на јавното осветлување во градот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top