Уништени запленетите рибарски мрежи

Вкупно 1440 рибарски мрежи  запленети од Езерската полиција во водите на Охридското Езеро, денеска беа уништени на депонијата во Мауцкер. Пред уништувањето Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска лично ги виде запленетите мрежи во седиштето на езерската полиција.

 |  Татјана Маленкова  | 
zapleneti mrezi
запленети мрежи

Вкупно 1440 рибарски мрежи  запленети од Езерската полиција во водите на Охридското Езеро, денеска беа уништени на депонијата во Мауцкер. Пред уништувањето Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска лично ги виде запленетите мрежи во седиштето на езерската полиција.

„Денеска ќе бидат уништени вкупно  1440 рибраски мрежи со вкупна должина од 70 километри. за илустрација тоа е двојно повеќе одколку што е должината на државната граница со Република Албанија“, истакна министрката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

„Можам да констатира дека во периодот кога се запленети овие мрежи запленета е вкупно 355 килограми риба и дополнително е запленета и друга опрема за ловење на риби“, истакна Јанкуловска.

Министерката за внатрешни работи најави дека во текот на главната туристичка сезона која е на прагот ќе бидат засилени контролите на Охридското Езеро и државната граница со цел да се намали рибокрадството и да се казнат сторителите на ова кривично дело.

Министрката Јанкуловска не сакаше да даде коментар за преговорите околу формирањето на новата влада. Таа на новинарите им порача за детали околку ова прашање да се обратат во пресс центрите на партиите кои учествуваат во овој процес.

По однос на убиството на Мартин Нешковски министерката истакна дека  министрвото за внатрешни работи ги заврши сите активности кои се во надлежност на МВР. Во мегувреме поднесена е кривична пријава за лицето кое се сомничи за сторено кривично дело убиство и посебен извештај во кој се содржани доказите на сите очевидци лицата кои биле на лице место, полициксите службеници кои први дошле на местото на несреќата.Овој посебен извештај веќе е предаден ан обвинителството и зависно од насоките кои ќе ги добиеме ќе постапиме максимално професионално“, додаде министерката Јанкуловска.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top