Унијата на независни автономни синдикати организира едукативен тренинг.
Во престојниот период ќе се јакне капацитетот на синдикалниот дијалог, колективното преговарање и можностите за полова еднаквост.
Тренинзите се подржани од холандскиот независен синдикат и имаат за цел едуцирање на предавачи вели Благоја Иваноски претседател на федерацијата на градежништвото и дрвната индустрија.
Унијата на независни автономни синдикати е составена од 6 федерации, и тоа од индустрија, нестопански дејности, градежништво и дрвна индустрија, земјоделство, транспорт и трговија. Слободан Антовски претседател на УНАСМ појаснува дека во период кој престои имаат зацртано и одредени планови. Еден од нив е препознавање на вистината кој е вистинксиот репрезенативен синдикат во земјава.
УНАСМ брои околу 60.000 членови , а од 1991 година се единствена членка со право на глас во меѓународната организација на трудот. Од 2008 година УНАСМ е членка на европскиот центар за работнички права. Соработуваат со повеќе синдиклни органзиации во Европа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град