Сувенири и туристички материјали туристите ќе може да купуваат во типизирани куќички. Овие продажни објекти се планира да бидат поставени на три локации во градот, а ќе бидат со површина од околу 17 квадратни метри. Носител на проектот за ваквата туристичка анимација на градот е Министерството за култура. За ваквиот начин на продажба ресорното министерство и Локалната самоуправа пронашле заеднички јазик. Покрај Плаошник, побарани се локации за продажба кај Чинарот и градското пристаниште. На барањето на Министерството за култура да се издадат под закуп времени објекти, во вид на унифицирани куќички за продажба на сувенири и пропаганден туристички материјал, секторот за урбанизам веќе изготвува документација. Од Локалната самоуправа информираат дека две локации се утврдени, спорна е една, но која не откриваат. Постапката за издавање потребни дозволи за поставување на овие времени објекти е во тек и наскоро Одделението за урбанизам ќе ги издаде дозволите. Министерството за култура, пак, денес доцна попладне одржува повторно јавно надавање за типизираните објекти. Првиот пат немало заинтересирани, информираат од таму.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град