На градскиот плоштад и на плоштадот Крушевска република почна монтирањето на унифицираните монтажни куќички за продажба на сувенири, подарок од Министерството за култура. С очекува истите за една недела да почнат да функционираат.
Започна монтирањето на унифицираните монтажни куќички за продажба на сувенири, подарок од Министерството за култура. Во овие времени објекти ќе се продаваат сувенири – копии на археолошки наоди од Македонија, како и промотивен материјал на Охрид.
„Куќарките ќе се постават на три локации. Една на градскиот плоштад, една на плоштадот Крушевска република а за третата допрва Секторот за урбанизам ќе одлучи на која локација ќе биде ставена„, вели Томе Џамтоски-портпарол на Локална самоуправа
Од Секторот за локален економски развој велат дека материјалите и сувенирите кои ќе се продаваат во овие типизирани куќички ќе придонесат за промоција на туристичките вредности на градот.
Инаку овој проект на Министерството за култура започна во мај минатата година и со него предвидено е поставување на вкупно 20 монтажни куќички за продажба на сувенири во поголемите градови во земјава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град