УНЕСКО со пораки и поезија во одбрана на Охрид. Преку Светската академија за поезија на УНЕСКО, а во организација на Македонската академија на науките и уметностите и општина Охрид, беше одржана уметничка вечер: “Поетите за Охрид”. Поетот од Белград Мајо Даниловиќ, член на Светската академија на поезијата и претседател на Одделот за словенскиот свет, за тој повод специјалноп напиша песна со силна порака.
Унеско со пораки и поезија во одбрана на Охрид. На апелите на уметниците, учесници на фестивалот “Охридско лето” (Александар Попоски, Влатко Стефаноски, Дуке Бојаџиев), за спас на Охрид и езерото, односто за зачувување на статусот – универзална културна и природна вредност, се приклучи и УНЕСКО, влијателна гранка на Обединетите нации. Преку Светската академија за поезија на УНЕСКО, со седиште во Равена, а во организација на Македонската академија на науките и уметностите и општина Охрид, во присуство на бројни членови на МАНУ, дипломати, универзитетски професори, поети и други љубители, во “Куќа на Уранија” – Ману во Охрид, беше одржана уметничка вечер: “Поетите за Охрид”. Поетот од Белград Мајо Даниловиќ, член на Светската академија на поезијата и претседател на Одделот за словенскиот свет читаше песна специјално напишана за поводот.
Каква случајност на овај свет ден да сум тука. Привилегиран сум што сум во програмата на гша Ќулавкова, но воедно имам и огромна одговорност да се преставам пред вас. Ви благодарам што ми дадовте можност да ја слушните мојата поезија и пораките пренесени преку неа, рече Даниловиќ.
Академик Катица Ќулафкова, предавајќи го поетскиот портрет на Даниловиќ, мегу другото забележа: Поетот Даниловиќ се трансформира од автор кој ја следи својата инспирација во автор кој започнува да се прашува за тоашто всушност е поетската творба, што прави поетот, каква е неговата мисија, дали песната претставува општо добро, како еден интимен свет се трансформира во универзален, всушност, како еден универзален архетип на создавањето и творењето, со и во јазикот, може да поприми интимен, личен белег.
Смислата го оправдува нашето постоење. Песните на Даниловиќ имаат смисол и се ритмични не во класична форма туку како неоекспресионизам. Некои стихови се создадени од еден до два збора, но и покрај тоа мислам дека тие му се најдобрите во оваа стихозбирка, рече Ќулавкова.
Официјално обраќање во името на градот имаше претседателката на Градскиот совет, Живка Ангелеска. -Таа рече дека случајно, или не, УНЕСКО и поетите, односно МАНУ, во рамките на ,,Научната и уметничка визита – Охрид 2019,, осмислиле да го дигнат својот глас против загрозеноста на Охрид, токму на Денот на Свети Климент Охридски, патронот-заштиник на Охрид. Во таа функција е и вечереашниот настан и јас верувам дека уметноста, уметниците – сликарите, музичарите, поетите и сите други, можат да помогнат, да се спаси убавината на светот, во нашиов случај – убавината и светоста на Охрид, потенцираше Ангелеска.
Во оваа прилика сакам да истакнам дека настаните кои што се дел на програмата од научната уметничка поезија преставуваат едно освежување и збогатување на културните настани на нашиот туристички бисер и затоа сакам да искажам благодарност до МАНУ, рече Ангелеска.
Вечерта беше збогатена со настап на Доминика Македонска на виолина, дипломец на Кралската музичка академија во Лондон, дојдена од Глазгов Шкотска, да живее овде со својата ќерка која на македонски ја испеа “Македонско девојче”.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град