Стручниот Комитет на УНЕСКО разгледувајќи ја Номинационата Форма за прогласување на Охрид Преспа за Биосферен резерват даде ПРЕПОРАКА и ОДОБРЕНИЕ до Интернационалниот Совет на УНЕСКО, да го прогласи македонскиот и албанскиот дел на регионот Охрид Преспа за Биосферен резерват заради неговото уникатно значење и вредности кои ги содржи.

Стручниот Комитет исто така препорача во моментот штом грчката страна изрази волја да се приклучи кон Биосферниот резерват веднаш да стане дел од Прекуграничниот Биосферен резерват.
– Првата вредност на оваа одлука е што Стручниот Комитет на УНЕСКО го одобрува Номинациониот Акт на кој долго се работеше. Ова е создавање на нова вредност на нашиот уникатен регион, ова е создавање на нови можности за промоција на природните вредности и ставање на истите како силна позиција за туристичка промоција и економски развој. Ова воедно е признание на еден долгогодишен труд на заедничкото управување со природните ресурси. Во рамките на овој процес се формирани и МАБ комитетите во Македонија и Албанија и е создадена кохезија со Националните комисии на УНЕСКО. На пат сме да создадеме нешто од кое бенефит ќе имаат не само оваа туку генерациите после нас. –изјави Дејан Пановски во име на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско езеро кој е институционален носител на активноста
Интернационалниот Совет на УНЕСКО својата седница на која на дневен ред е прогласувањето на Охрид Преспа за биосферен резерват ќе ја одржи на 10 и 11 Јуни во Јонкепинг во Шведска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град