Уметноста во пандемијата дише на шкрги

Повикот за поднесување барања за помош на самостојните уметници опфатени дури во четвртиот пакет мерки, завршува утре. Уметниците во пандемијата се најдоа во незавидна состојба и дел од нив мораа да бараат хонорарни ангажмани за да заработат. 

 |  Соња Рилковска  | 

Самостојните уметници опфатени дури во четвртиот пакет мерки, ќе добијат финансиска помош за три месеци од државата.
Повикот за поднесување барања завршува утре. Месечниот нето-износ ќе биде од 14.500,00 денари до 21 500, зависно од остварените приходи во текот на 2020година.

Уметниците велат уметноста не е на заслуженото место. Продажбата на нивните вредни дела е драстично намалена. Творат, но нема побарувачка на уметничките творби.

„Сегашнатасостојба знам дека е кризна како и за сите дејности така и за уметноста но државатамора да застане позади уметниците малку посериозно да ја пребродат оваа криза.Разликата на нашите уметници и европпските да ви кажам е навистина голема. Мислам дека комисиите во министерство закултура ќе работат на тоа барем малку да се доближат до тие критериуми , изјави Љупчо Жупан сопственик наохридска галерија.

Уметниците сенајголемите промотори на една земја, колегите од странство во пандемијатадобиле огромна поддршка од државата.

„Ако правиме една соредба со Германија или Англија помошта на уметниците е на високо ниво затоа што тие се свесни дека ументиците се едни од најголемите промотори наземјите и не треба во оваа состојба на криза ументиците д бидат во една состојба на нелагодност“ , додава Жупан.

Во повикот објавен од министерството за култура предвидена е финансиска поддршка на уметниците и на културните работници како еднократна исплата на финансиски средства запериод од три месеци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top