Денес прирачникот беше промовиран во јавноста како завршна активност од проектот „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува”.
Уметниците кои работат или сакаат да работат со ранливи категории од денес добија прирачник за употреба на уметноста во работа со ранливите групи. Прирачникот денес беше промовиран како завршна активност од проектот „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува“. Според проект координаторот, Јасмина Билаловиќ, целта на прирачникот е да се прикажат постоечките практики на употреба на уметноста во работа со ранливи групи, но и да се даде една поширока теоретска рамка за сите уметници кои работат или сакаат да работат со ранливите категории.
„Прирачникот е еден од финалните продукти на проектот. Создаван е во текот на целото времетраење на проектот. Замислен е како прирачник кој пред се им се обраќа и треба да им помага на уметниците во работа со ранливи групи, оние кои веќе работат или оние кои во иднина ќе почнат да работат. Овој прирачник не и е наменет само на уметниците туку и на една поширока читачка публика.“-вели проект координаторот, Јасмина Билаловиќ.
Експертот за социјална уметност и автор на најголемиот дел од текстовите во прирачникот, Ранко Раткушиноски, вели дека прирачникот е напишан на стил кој лесно ќе го воведе читателот во проблематиката на работа со ранливи групи.
„Земено во целина, прирачникот можеме да го поделиме на два дела. Теоретски и истражувачки или емпириски дел. Теоретскиот дел во основа се постоечки практики на уметничка работа со ранливи групи и во него исто се разработени различни теми од психо-социјален аспект на уметноста. Во емпирискиот дел, во рамките на проектот се направи едно истражување психолошко во основа,, во кое се мереше нивото на себепочитување и нивото на просоцијално однесување кај ученици од ранливи и урбани средини и беа вклучени во пилот активностите кои се изведуваа во овој проект.“-рече експертот за социјална уметност, Ранко Раткушиноски.
Проектот во текот на изминатава година го спроведуваа културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“. Проектот беше финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Со него се опфатија општините Охрид и Струга од Македонска страна и Корча, Поградец и Бибер, од Албанска страна. Инаку зa македонските партнери од буџетот на проектот се издвоени 58.360 евра. Осумдесет и пет проценти од финансиските средства се обезбедени од Европската Унија , а останатите 15 проценти ги покрива Владата на Република Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град