Жителите од населба „Трудбеник“ дваесет дена чекаат враќање на улицата Никола Карев во првобитна состојба. Таму екипите на МЈП „Проаква“ работеа на дефект во водоводната мрежа, а зад себе оставија раскопан коловоз и голем дел уништен тротоар.
Прекопите по охридските улици со денови остануваат не санирани. Иако во согласност со законот за градба секој прокоп треба да се затвори во определен рок по завршувањето на градежните зафати и да се врати во првобитната состојба, во градот има многу примери каде тоа не е направено. Граѓаните го поздравуваат и поддржуваат асфалтирањето на улиците и санирањето на ударните дупки од страна на Локалната. Но, тие реагираат после зафатите кои се прават при дефект во водоводната и канализационата мрежа, тротоарите и коловозите во најбрз рок да се враќаат во првобитната состојба. Таков е примерот со ул. Никола Карев. Како што кажаа жителите на овој потег пред дваестина дена екипите на МЈП „Проаква“ работеле на дефект на водоводната мрежа па од тогаш до денес улицата не е вратена во првобитната состојба односно претставува опасност за учесниците во сообраќајот. Од одделението за сообраќај при Локалната самоуправа Томе Змејкоски, вели дека увидните екипи постојано се на терен, а дека последниов месец работеле со засилена динамика на санација на прекопи и дупки.
„Дефектите на водоводната мрежа во прва фаза прво се се санираат со бекатон плочки, откако ќе налегнат после тоа се асфалтира. Конкретно за дефектот на водоводната мрежа на ул Никола Карев, уште утре екипите на ЈП „Нискоградба“ ќе почнат со санирање на дефектот а откако ќе настане налегнување ќе биде асфалтирано“.
Според Змејкоски во законот за градба не бил пропишан рокот, за тоа колку време треба да помине после изведениот зафат местото да се врати во првобитната состојба. Тој напомена дека тоа треба да се направи во најкус можен рок. Проблеми од ваков вид има на неколку сообраќајници во градов. Останува да видиме дали надлежните навреме ќе си ја завршат работата пред да се затворат асфалтните бази.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град