Локалната најавува градежна пролет

Ќе се интервенира на повеќе улици низ градов, ќе се поплочуваат тротоарите, а ќе се започне со изградба на најавуваните кружни текови.

 |  Јаковлева Лионела  | 
бекатон
bekaton

Ќе се подобрува патнат инфраструктура во градов. Локалната најпрво започна со санација на дупките на Булевар „Туристичка“, дел од улицата „Крали Марко“, „Јане Сандански“, а денес интензивно се работи на „Димитар Влахов“, „Абас Емин“ и на делови од „Богомилска“ и „Даме Груев“. Дупките се пополнуваат со бекатон коцки, но тоа е само привремено, велат од Секторот за комунален развој и  сообраќај.улица

Заради неработењето на асфалтните бази во овој период од годината поради ниските температури ние ги закрпивме дупките со бекатонки, но штом почнат да работат базите веднаш ќе бидат пополнети со асфалт, вели Љупчо Танески од Секторот за комунален развој и сообраќај.

Танески објаснува дека тендерската документација за набавка на асфалт е подготвена и е пратена до одделението за јавни набавки и најверојатно уште денес ќе биде распишан тендер. Откога ќе заврши целокупната тендерска постапка и ќе се одбере најдобриот понудувач започнуваме со асфалтирање не само на дупките туку и на цели улици, велат од Секторот за комунален развој и сообраќај. Од таму кажуваат дека ќе се уредуват и тротоарите во градов. Апелираат до месните заедници каде што има проблем од инфраструктурната сфера да достават барање до Локалната кое ќе биде разгледано и ќе се постапи по него доколку се утврди дека некој зафат преставува приоритет. Пролетва ќе почне изградбата и на петте кружни текови во градов. Таа ќе биде поделена во две фази. Во првата влегуваат оние  кои ќе се наоѓаат на пресекот на булевар „Туристичка“ со улицата „Бистрица“ и со „Јане Сандански“.ulica

Веќе е изготвена тендерската документација, објавен е тендерот и се чека да се избере најдобриот понудувач. Одкога ќе истечат роковите за жалби ќе се пристапи кон реализација на  овој проект. По сите предвидувања најверојатно со работа на терен ќе започнеме во втората половина на март, вели Танески.

Во втората фаза ќе се градат трите кружни тека кои се наоѓаат на пресекот на булевар „Туристичка“ со „Абас Емин“, со „Стив Наумов“ и со „Јане Сандански“ за што веќе е обезбедена целокупната тендерска документација.
Инаку, Локалната пролетва ќе ги тампонира и улиците „Момчило Јорданоски“ и „Сирма Војвода“ за што граѓаните во повеќе наврати имаат доставувано барања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top