Уличните кучиња касаат граѓани и никако да се стави крај на оваа појава

Кучињата скитници се повеќе ги има низ охридските улици, но дали тие стануваат и се поагресивни? Расте бројот на пациенти кои примаат вакцина против беснило поради каснување од улично куче, откриваат од Центарот за јавно здравје. Докторите укажуваат на последиците од каснувањето на куче, но и од вакцината која се прима против беснило.

 |  Николоска Биљана  | 

Уличните кучиња касаат граѓани и никако да се стави крај на оваа појава. Билтенот на Центарот за здравје во Охрид говори дека неделно дури до два случаи на луѓе каснати од куче бараат интервенција кај нив односно примаат соодветна вакцина против беснило. Др Јованка Стурлакова Коровешоска потврдува дека во најголем дел граѓаните се каснати од куче скитник. А такви во градов ги има многу и е не е нешто ново ако се каже дека надлежните досега не мрднале ниту со малиот прст да се справат со овој сериозен и опасен проблем.

Последниве 4 години е зголемен бројот на пациенти кои што добиваат антирабична терапија односно кои што се вакцинираат против беснило превентивно со оглед на тоа што после каснувањето доколку во рок од 10 дена не се пронајде кучето кое што го каснал пациентот или доколку тоа куче не развие знаци на беснило се прекинува терапијата. Но ретко кога може оваа процедура да се запази и поради тоа продолжуваме со вакцинирање и три до четири дози пртотив беснило“ – вели Коровешоска.

Меѓу пациентите каснати од куче се и најмалите жители на градот. Д-р Никола Филев посочи дека состојбата е сериозна а самата вкацина носи ризик по здравјеот на човекот.

Сме имале неколку случаи за жал и морам да кажам дека и самата вакцина да се дава е многу сериозна. Може да настанат т.н ландриви парализи, сериозна е самата вакцина а без неа ризикот е 100 посто, за беснилото нема лек. Така да крајно време би апелирал до надлежните да преземат сериозни мерки за да се спречи оваа појава да не дојде до поголеми неволји“ – предочујва д-р Филев.

За жал уличните кучиња ги има насекаде, пред влезовите на станбените комплекси, во парковите, во детските игралишта, со право може да се каже дека Охрид врие од кучиња скитници. Досега надлежните само гласно размислуваат за можните начини на справување со оваа појава а никако да преземат активност или барем некаков чекор за тоа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top