На дел од улицата 7-ми Ноември пешаците неможат да се движат поради немањето тротоар, а на некои места тој што го има е толку тесен што двајца не можат да се разминат.
На дел од улицата 7-ми Ноември пешаците неможат да се движат поради немањето тротоар, а на некои места тој што го има е толку тесен што двајца не можат да се разминат.
Овој проблем се провлекува години наназад а деновиве и на нашиот портал www.tvm.com.mk повеќе граѓани реагираа во врска со истиот. Во годишната програма за патишта на Локалната самоуправа оваа улица е ставена како приоритет.
Шикалоски вели дека веќе е изготвен проект и за уредување на коловозот непосредно до Основното училиште „Братсво единство“. Ова е од голема важност за учениците кои секојдневно ја поминуваат оваа улица и се изложени на опасност од возилата кои сообраќаат по неа. На овој простор предвидена е и изградба на паркинг простор што е горлив проблем на градов. Работите на 7-ми Ноември треба да завршат до крајот на наредниот месец.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град