Улицата „Јордан Мијалков“ е претворена во вистинска депонија

Градежен шут и комунален отпад секојдневно се одлаг на улицата „Јордан Мијалков“. Жителите од оваа населба велат дека местото е претворено во вистинска депонија. Ја известиле Локaлната за овој проблем и чекаат решение. Но, од таму кажуваат дека  не можат да исчистат толку колку што несовесните граѓани валкаат.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Улицата „Јордан Мијалков“ е претворена во вистинска депонија. Градежен шут има насекаде, а сега несовесните граѓани почнале да си фрлаат и комунален отпад. Жителите во оваа населба се жалат дека од сите страни се затрупани во ѓубре. Не можат да отворат прозорец, ниту пак да излезат на тераса. Се обратиле повеќепати до Локланата, но депонирањето на шут и ѓубре продолжува и понатаму.

Ние ги испраќаме до Општинскиот инспекторат од каде во неколку наврати превзедоа определени мерки за расчистување на овој потег од дотогаш депонираниот градежен шут. Станува збор за несовесни граѓани кои шутот кој им останува од нивните градежни објекти го депонираат каде што не треба, вели Љупчо Танески од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта.

Од Секторот кажуваат дека во постојана комуникација се со ЈП „Комуналец“ за расчистување на ваквите места, но неможат ништо да направат бидејќи комуналец чисти,а несовесни граѓани повторно одлагаат и шут и отпад. На потег е комуналната инспекција која треба да ги открие сторителите и соодветно да ги казни.

Нашиот инспекторат постојано реагира. Ќе биде напишана пријава против непознат сторител, а ќе биде издаден и налог до ЈП Комуналец да го подигне отпадот. Вината за ваквата состојба може да се бара во Локалната , но најмногу се виновни граѓаните. Останува да проработи нивната совест и да не фрлаат шут каде што не е определено за тоа, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната самоуправа.

Џамтоски кажува дека и вчера и денес екипи од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта биле на терен и констатирале дека и на други локации низ градов се создаваат диви депонии од шут и отпад. Апелираат до граѓаните да не ја загадуваат средината бидејќи следуваат санкции кои и тоа како се високи и изнесуваат и по неколку стотини евра.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top