Улицата „Даме Груев“ раскопана со безброј дупки

Непристапен пат до домовите, земјена улица раскопана со безброј дупки. Ваква е сликата на улицата „Даме Груев“ во Охрид. Револтираните жители кои се засегнати со овој проблем пријавија во рубриката Ти си твојот град на ТВМ телевизија.

 |   | 

Непристапен пат, калови до колена и раскопана земјена улица со едвај проодни дупки. Ваква е сликата во улица „Даме Груев“, во среде центарот на Охрид, само на стотина метра од општина Охрид.

Жителите се жалат, во рубриката „Ти си твојот град“ на ТВМ телевизија.  Велат со децении бараат уредување на просторот, но од локалната не преземаат ништо.

Немаме пристап до нашиот дом, имаме куќа со уредна документација и платени давачки – пишуваат револтираните граѓани, кои не сакаа да зборуваат пред камера.

Влезот во сокакот каде има десетина куќи и една станбена зграда за колективно домување е земјен пат. Раскопаните дупки при секој дожд се полни со вода. Жителите не можат да поминат ниту пеш, ниту со автомобил.

Тука живеам од декември лани, во оваа зграда, бидејќи куќата ми се прави. Многу е лошо калови човек не може да помине – вели една жителка.

Дел од просторот е во приватна сопственост, но според жителите поголемиот дел речиси 70% е државно земјиште, а локалната е должна да го уреди. Поради нарушени соседски односи дел од жителите кои имаат свое земјиште на парцелата го имаат оставено запуштено и обраснато со трње.

Од општина Охрид велат:

На овој простор има дел приватно земјиште затоа досега не се преземени мерки за негово уредување.

 

 

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top