Дали некој ќе се сети да ги поправи тротоарите од улицата „Питу Гули“Граѓаните прашуваат со години, но одговор нема. Од Секторот за коминален развој велат дека „Питу Гули“ е влезена во годишната програма.
Улицата „Питу Гули“ заборавена од надлежните. Ова го тврдат граѓаните кои живеат на оваа улица која се протега од кружниот тек кај болницата па се до новата автобуска станица. Тие додаваат дека оваа улица е многу прометна како за сообраќај така и за пешаци посебно сега кога започна учебната година, а тука се наоѓа едно од најголемите основни училишта, „Христо Узунов“.
Учениците сакаат што побрзо да се направат тротоарите за да не газат во дупки. Повозрасните пак велат дека улицата наликува на селски пат.
Од Секторот за коминален развој објаснуваат дека „Питу Гули“ е влезена во годишната програма и дека е планирана надградба на тротоарите по цела должина и тоа во текот на есенва.
Зоран Шикалоски, од овој сектор вели дека за поголема безбедност посебно на учениците пред седум години бил изграден и надвозник. Но за жал тој денес е во незавидна состојба поради несовесните деца кои вандалски се однесуваат и постојано ги кршат светлата во надвозникот и го руинираат. Шикалоски предлага родителите, наставниците и Свр заедно да одржат едукативни средби со учениците како во иднина не би се однесувале неодговорно кон овој мост кој е изграден за општо добро.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град