Неколку месеци охридската улицата Петрино е раскопана. Останаа уште 500 метри за асфалтирање. Мештаните на овој потег со забелешка до Локалната, зошто работите се запрени и асфалтирањето се одолговлекува.
Жителите на улицата Петрино речиси цела година чекаат асфалт. Оваа предизборно раскопана охридска улица, е дел од програмата за асфалтирање на улици и патишта на Локалната самоуправа што годинава треба да се реализира. Жителите забележуваат дека асфалтирањето на потег од 500 метри се одолговлекува и не знаеле до кога ќе трае истото. Тие наведоа неколку причини поради кои се чекало толку време за асфалтирање на улицата. Но, не ги оправдуваат надлежните поради доцнењето.
„Малце подолго се одолговлече бидејќи уште од есенеска даден е налог оваа улица комплет со водоводно канализационата мрежа да се заврши, се чекаше да налегне тампонот и досега не се најде време оваа улица да се асфалтира“. Есенеска ми се упропастија и дадов 300 евра за да ги заменам сите спони на колата и комшиите се жалат, но барем еднаш месечно да дојдеа да се погрижеа за потполнување на дупките. „Работите штом се почнат треба да имаат тек на работа и времето да се запазува,сега малку е лето прашина и треба да се ангажитраат да се сработи тоа што е за работа доколку немаат други поприоритетни работи. Ова е растурено од пред изборите не е од сега“.
Томе Змејкоски од одделението за сообраќај при Локалната самоуправа, во краткиот телефонски разговор за ТВМ кажа дека работите околу асфалтирањето на ул Петрино биле стопирани бидејќи се наложило потреба од замена на водоводната мрежа која била стара околу 40 години. Тој потенцира дека половина од зафатот за смена на водоводната мрежа бил готов а на другата половина екипите на МЈП „Проаква“ и ЈП „Нискоградба“ со работа ќе отпочнеле во текот на утрешниот ден. Инаку, на почетокот на месецов градоначалникот Никола Бакрачески беше излезен н атерен да ја согледа како тече реализацијата на планот за реконструкција на сообраќајниците во општината. Во таа прилика градоначалникот напомена дека на неколку локации се појавиле дополнителни проблеми и потреба ос дополнителни интервенции. Една од спомнатите беше и ул. „Петрино“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град