Улицата „Карпош Војвода“, сообраќаен проблем

Мопед вчера  прегази малолетно девојче и го напушти лице местото на настанот. Тоа се случи на ул. „Карпош Војвода“, добро позната на Секторот за Внатрешни работи по низа инциденти поврзани со сообраќајната проблематика. Денес од страна на СВР Охрид пронајден сторителот.

 |  Николоска Биљана  | 
karpos
карпош

На ул „Карпош Војвода“ вчера во попладневните часови настрада пешак. За жал овој настан не е единствен. Очигледно оваа улица претставува магнет за сообраќајни незгоди бидејќи за нецела година, последниов случај е 6 по ред.

karposЖителите на ул Карпош Војвода сериозно се загрижени за безбедноста на нините деца. Тие не сакаа да зборуваат пред нашата камера но сметаат дека од страна на надлежните институции треба да се преземат повеќе безбедносни мерки, дури и дислокација на контењерите на ЈП „Охридски Комуналец“, кои се причина за предизвикување на повеќе инциденти.

Точно тука, вчера на излегување од комбето на организираниот училишен превоз настрада девојче, кое според полицијата непрописно ја минувало улицата.

„Се работи за удар на мопед во пешак. Ние точно го дефиниравме тој проблем, точно ја утврдивме улогата на секој учесник, што направил пешакот што направил мопедот. Се работи за случај кој што е поврзан со напуштање на лице место веднаш после случената сообраќајна незгода. СВР Охрид односно станицата за безбедност во патниот сообраќај го пронајде лицето кое што управуваше мопедот, обавен е разговор. Утврдено е дека девојчето кое што живеее на овој потег од градот по излегувањето од автобусот оди напред пред автобусот и врши преминување на коловозот на место каде што нема обележан пешачки премин. Тоа го прави невнимателно и мопедот кој го претекнува автобусот кој е прописно паркиран доаѓа до удар на мопедот во девојчето“.

Против сторителот поднесена е соодветна кривична пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Додава дека во делот на нивните надлежности ќе преземат превентивни мерки.

karpos„Преку одделението за превенција ќе оствариме контакт со месното население ќе ги сослушаме нивните проблеми ќе ги евидентираме и ќе ги имаме во предвид при идните превземања  04:09+04:18 Што се однесува до вашето прашање, јас би сакал да потенцирам дека жителите од овој потег мора и треба да направат една петиција која ќе ја достават до СВР Охрид но и до надлежните во Локалната самоуправа а ние во координација, ќе излезиме во пресрет на се она што е суштинска потреба на граѓаните и на се она што ќе значи зголемување на степенот на безбедност во сообраќајот“.

Девојчето за среќа се здобило со лесни телесни повреди и после интервенцијата во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, е пуштено дома. Но сепак, Димоски открива дека оваа улица е место кое според досегашните видувања на СВР Охрид, но и по пријава на граѓаните кои што живеат на овој потег, Секторот има интервенирано во неколку наврати, било тоа да се работи за нарушување на ЈРМ или околу  сообраќајната проблематика. Додава дека добро биле запознати со актуелните состојби и досега од нивна страна било интервенирано и дека тоа и понатака ќе го прават.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top