Четири години тапка во место изградбата на новопроектираната улица Јордан Мијалков кај локалитетот Бејбунар, Охрид. Од Локалната убедуваат дека на тој потег се гради согласно Деталниот урбанистички план за тоај опфат, со мали институционални прекини.
Изградбата на новопроектираната улица „Јордан Мијалков“ кај локалитетот Бејбунар во Охрид ќе почека. Граѓаните кои што живеат на овој потег 4 години чекаат да се стави во функција оваа сообраќакница затоа што води кон локацијата каде што се градат станбни комплекси. Години наназад тие реагираа дека градежната механизација и камионите кои се движат кон градилиштата поминуваат по тесните улички буквално под нивните прозорци, создавајќи тесни грла во сообраќајот. Каде закочи изградбата на оваа улица? Портпаролот на општина Охрид Томе Џамтоски убедува дека ништо не е закочено, напротив се работело според урбанистичко решение.
„Вие знаете дека за тој простор минатата Локална самоуправа донесе урбаснистичко решение односно ДУП, и имаше еден институционален застој па потоа продолжи. Значи во моментов ништо не е закочено напротив таму знаете дека се гради според усвоен ДУП и таа улица во моментов, дури во јавноста стоеше дека таа улица ќе биде некаква источна трансферзала меѓутоа тоа сватете го условно таа улица според постојниот ДУП е сервисна улица која ќе го сервисира тој простор каде што во моментов се гради“.
Џамтоски вели дека оваа улица може да се најде во програмите кои што се подготвуваат за 2014 и истата да биде целосно пуштена во употреба како сервис на граѓаните која што ќе го поврзува северниот дел на градот со патниот правец Охрид Св Наум. Но не ја исклучува можноста оваа улица да биде од поголема важност односно да биде дел од долгонајавуваната изградба на новиот магистрален пат за Св. Наум.
„Во најава е и едно поново сообраќајно решение поосеопфатно, поголемо, но за тоа во моментот кога тоа ќе биде некаков предлог план, односно во моментот кога ќе се надѕираат поконкретни показатели за тоа ново сообраќајно решение на патниот правец Св Наум – Охрид – Косел.
Изградбата на ул Јордан Мијалков беше следена и со нерасчистени имотно правни односи и судски постапки. Џамтоски со точност не можеше да каже до каде се тука работите но претпоставува дека сеуште има некои постапки во однос на експропријација, на кои стручните служби од Локалната самоуправа тековно работат согласно законот. Инаку за потсетување, во чест на првиот министер за внатрешни работи на Р. Македонија, Јордан Мијалков кој загина во сообраќајна незгода , кум на оваа улица беше ВМРО – НП, која пред четири години покрена иницијатива на Совет за именување на „Источно-транзитна“, во улица „Јордан Мијалков“ и истата беше усвоена. Според најавите на тогашното раководство на општина Охрид оваа улица беше предвидено да ја поврзува клучката на патот за Битола, со патниот правец Охрид – Свети Наум и натаму за Албанија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град