Граѓаните кои живеат на оваа улица, реагираа до нашата редакција тврдејќи дека веќе две недели улицата се наоѓа во ваква состојба. Ова е една од улиците на кои гравитираат најголем број туристи бидејќи излегува директно на Самоиловите тврдини. „Веќе две недели се гушиме во прашина. После изведувањето на зафатот, само го покрија ископаното со земја, а не го вратија како што беше.“-вели жител на оваа улица.
Ги контактиравме надлежните од јавното претпријатие Нискоградба во врска со овој проблем. Нивното одделение кое е задолжено за изведување работи на поплочени улици ни потврди дека се работи за нивна интервенција. Тие велат: „Точно е дека улицата не е вратена во првобитната состојба, бидејќи од објективни причини 2-3 дена ни се пролонгираше работата.“ Никола Ѓоргиески кој е раководител на објекти во ЈП Нискоградба-Охрид не информираше дека се работи за отстранување на дефект на водоводната линија, дефект кој веќе е саниран и останува уште поплочувањето на улицата. Ѓоргиески вети дека најдоцна до Вторник, улицата ќе биде поплочена и вратена во првобитната состојба. Тој најави дека можно е тоа да се направи и во текот на викендот, но дека поверојатно е тоа да се заврши до Вторник.
Доколку работите се одвиваат како што треба, се чини жителите на улицата Кузман Капидан уште само неколку дена ќе подишат прашина. Па и туристите да не ни се чудат со изгледот на оваа улица.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град