Угостителите вршат притисок, Битиќи им порача да бидат разумни во очекувањата

Независната угостителска комора заедно со здруженија на угостители од повеќе градови меѓу кои и охридскиот угостителски еснаф , незадоволни од досегашната поддршка од државата за убалжување на последивите од ковид кризата. До владата испорачаа низа барања и дадоа рок до 25 ти јануари. Вицепремиерот за економски прашања Битиќи импорача дека е отворен за комуникација посочувајќи дека, како што рече, треба да сфатиме дека во овие тешки периоди треба да бидеме разумни во очекувањата и можностите.

 |   | 

Угостителските објекти, со одлука од Влада, од утре ќе работат до 21 часот. Угостителите вршат притисок да им се продолжи работното време до 23 часот. Здравствените валсти велат ги чекаат анализите од лабораторијата во МАНУ дали во државава има некоја позаразна мутација на коронавирусот, по што до крајот на неделава или почетокот на следната, би се носела одлука за натамошно продолжување.

Владата на угостителите и натаму, неосновано и неоправдано со времена одлука им го цепка и ограничува работното време и правото на работа, додека со првата мерка од петтиот антикризен пакет, на ‘локомотивите’ од Стопанската комора им подари 162,4 милиони евра„ – реагира Независната угостителска комора (НУК).

НУК, заедно со здруженија на угостителите од повеќе градови меѓу кои и ОХРИДСКИ угостителски ЕСНАФ бара креирање посебни мерки за директна помош и поддршка за нив како безусловна субвенција во висина на бруто плати за сите вработени во угостителството додека се во важност рестриктивни мерки, директна неповратна финансиска помош за сите угостители, безусловна достапност до долгорочни и бескаматни државни кредити за ликвидност, изедначување на ДДВ за угостителски услуги на 10 проценти на сите угостителски услуги во сите угостителски објекти и др. Оттаму ѝ даваат рок на Владата до 25 јануари да ги усвои нивните барања.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не се согласува со НУК дека не добиле соодветна помош и поддршка од државата. Во првиот и вториот пакет имаше мерки насочени само кон угостителскиот сектор и искористеноста е солидна, кажа вицепремиерот денеска на прес конференција. Додаде дека е отворен за комуникација со сите стопански здруженија и асоцијации.

„Јас сум отворен да комуницирам дури и со неистомисленици без разлика дали тие претставуваат само една мала група на луѓе, се претставуваат себе си или претставуваат поголема група на стопански субјекти. Добивме допис. Имаше период на изјаснување на стопанските комори , социо економските партнери за собирање на предлозите за мерките. Ќе ги видиме и ќе разговараме, но треба да сфатиме дека во овие тешки периоди, сите треба да бидеме разумни во очекувањата и можностите.“ – рече Битиќи.

Во однос на можноста за дополнително продолжување на работното време на угостителските објекти, рече, секоја мерка што се носи мора да оди парарелно со примарната цел, а тоа е здравјето на граѓаните пред се. За рокот до 25 јануари, Битиќи рече дека ако дозволат условите со Ковид, ќе се оствари средба но посочи дека можат да искомуницираат и онлајн.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top