Угостителите: Кратењето на работното време е поголем ризик за нови кластери

Охридскиот угостителски еснаф смета дека скратување на работното време на рестораните и кафетериите ќе има контра ефект во ширењето на вирусот. Луѓето ќе се собираат во приватни објекти каде нема да се почитуваат мерки, протоколи и каде што нема контрола.

 |  Соња Рилковска  | 


Намалувањето на работното време на угостителските објекти ќе има негативни ефекти, ќе донесе поголем ризик за ширење на вирусот и нови кластери, сметаат угостителите. Луѓето ќе се собираат по станови, викендици каде нема никаква епидемиолошка контролa. Кога би работеле кафулињата инспекторите многу полесно ќе можат да извршат надзор во однос на почитувањена здравствените препораки против ширење на вирусот.

„Ваквата мерка која што сега ќе биде на сила мислиме дека ќе постигне спротивен ефект од ппичини што луѓето коишто ке се собираат настрана од урбаните средини, било тоа да биде планински одмор, дека многу помалку ќе бидат контролирани и развојот на болеста ќе биде поголем“ , вели Михаил Мишев претседател наздружението Угоститески еснаф Охрид.

Со кратењето на работното време до 18 часот ќе се предизвикаат и несогледливи, долгорочни финансиски последици во угостителскиот сектор, кој во пандемијата ионака е во колапс.

„Штетите во угостителскиот сектор ќе бидат несогледливи, за скоро време ние не очекуваме да има убава разврска, но што е тука е и ние сме дел од општеството ќе се справуваме. Ние правиме напори да не сме ние фактори врз проширувањето на вирусот“, додава Мишев.

Поради намалениот обем на работа и рестрикциите поради корона вирусот изминатиот период голем број од вработените во угостителскиот сектор останаа без работа.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top