Угостителите бараат европска терапија

Македонското угостителство веќе е на колена, велат од Туристичко-угостителската комора. Од надлежните бараат под итно да направат измени во Законот за заштита од пушење.

 |  Татјана Маленкова  | 
Turisticko-ugostitelska komora
Туристичко угостителска комора

Turisticko-ugostitelska komoraМакедонското угостителство веќе е на колена, велат од Туристичко-угостителската комора. Од надлежните бараат под итно да направат измени во Законот за заштита од пушење.

Туристичко-угостителската комора на Македонија на едно место, во срцето на македонскиот угостителски туризам. Од Охрид тргна караванот под името „Забраната е  штетна за демократијата – дискриминацијата убива, бараме европска терапија„.

Oд надлежните бараме да учествуваме во измените на членот 2 и 3 од законот, со што на пушачите, ќе им дадеме права како и на непушачите. Да имаат избор, додаде Бербери, претставникот на Туристичко-угостителската комора на Македонија.
Инаку, Законот за заштита од пушење, како и што се очекуваше, на угостителите и на вработените веќе им нанесе огромни штети. Сопствениците на угостителски објеки останаа без добивка, а  дел од вработените без работа.

„Во Охридскиот регион, поради Законот за заштита од пушење, затоворени се 4 објекти. А од останатите веќе 12 % имаат отпуштено вработени, а 29 % чекаат да видат што ќе се случи“, додава Ферхан Бербери од Туристичко-угостителската комора на Македонија.

Кризата ја почуваствував веднаш, вели Томор Цаноски, сопственик на 8 угостителски објекти низ Македонија.

„Вчера и завчера почнав со отуштање на вработени. Ако не се смени ништо, сигурно ќе отпуштам уште од вработените“, додава Томор Цаноски.

Од угостителско туристичката комора апелираат до сите надлежни во најкус рок да се најде решение, за како што велат да не се загрози и претстојната туристичка сезона.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top