Хотелските капацитети за новогодишните празници речиси распродадени. Најбројни гости се најавени од Србија и Бугарија.
Хотелските капацитети за новогодишните празници речиси распродадени. Најбројни гости се најавени од Србија и Бугарија.
Новогодишните аранжмани за охридската ривиера се речеси распродадени. Поголемите хотелски капацитети се резервирани. Од хотелскиот комплекс Метропол – Белви се задоволни и велат дека продажбата на аранжманите оди добро. 95 насто од резарвациите за престој во овој комлекс се гости од Србија и Бугарија. Најавени се гости од Албанија и Косово, но има резервации и од домашни гости.
Во хотелот Инекс Горица има мал број слободни места, а во Парк е распродаден целиот капацитет. Тука очекуваат гости од Србија, Црна Гора,Босна , Бугарија Англија ,Германија како и стандардни домашни гости.
Во Милениум Палас се распрадени сите легла. И тука најбројни се Србите и Бугарите,а има и гости од Шпанија.
Во Гранит досега има 50 насто резервации од расположливиот капацитет .Најзаинтресирани за претсој на охридската ривиера се гости од Србија и Бугарија. Задоволни се и од интересот на гостите кои најавуваат престој во нивниот хотел.
Хотелиерите задоволно ги тријат рацете и очекуваат успешна туристичка сезона.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град