Удрен камен-темелникот на автопатот Кичево-Охрид

За Владата на Република Македонија ова е почеток на реализација на ветеното,  за претставниците од Кина, ова е најголем проект во историјата на билатералната соработка меѓу двете земји.

 |  Мишел Наумоски  | 
avtopat
автопат

Денес беа удрени темелите на новото и модерно автопатско решение Кичево-Охрид. Проект кој што подолго време беше најавуван, а Република Македонија го спроведува во соработка со владата на НР Кина. Претставници на Владата на Република Македонија, министри, пратеници како и градоначалниците на Охрид и Кичево, денес ја имаа можноста да посведочат на моментот на удирање на темелите на автопатот кој според премиерот Никола Груевски, но и според директорот на компанијата која ќе го гради, Сајнохидро корпорејшн лимитед е историски момент.

temeli avtopat„Денес, 22 Февруари, е голем ден, историски ден за овој дел од Западна Македонија. Денес практично започнува реализацијата на она што беше ветено и она што беше ветено почнува да се гради денес, а ќе се заврши во периодот од четири години, тоа е автопатот помеѓу Охрид и Кичево. Имам особена чест и задоволство како претседател на Владата на Република Македонија да учествувам на одбележувањето на досега најголемиот и највредниот инфраструктурен зафат во поновата историја на нашата држава.“-вели премиерот Никола Груевски.

„Од овој момент натака, најголемиот проект во историјата на билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Народна република Кина, официјално ќе започне. Би сакал да ја изразам својата благодарност до сите вас за вашето внимание и поддршка на овој важен проект. Ни претставува задоволство да работиме на територијата на Република Македонија затоа што таа е прекрасна земја, со долга историја, долга традиција и љубезни жители.“-изјави претседателот на компанијата „Сајнохидро корпорејшн лимитед“, Зеинг Синг Јанг.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески изградбата на овој автопат ја оцени како проект од историско значење за економската иднина на овој регион.

avtopat Ohrid-Kicevo„За општина Охрид значи отворање на нов прозорец на можности, а бенефитот од него ќе биде сеопфатен и долготраен. Најпрво во периодот на градење ќе претставува можност за ангажирање на градежната оператива и вклучување на локални фирми во изградбата, а крајниот бенефит ќе дојде со конечното профункционирање на овој автопат. Развојот, просперитетот, но и иднината на една општина се тесно поврзани со нејзината конекција со светот. Токму автопатот Кичево-Охрид, претставува основа за поагресивен локален економски развој на општина Охрид и останатиот регион.“-рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Инаку според проектот, новиот автопат почнува од Кичево, па преку Подвис, Пресека и Песочани стигнува до Требеништа. Од тука преку Подмолје се поврзува со Охрид. Ќе има две ленти со вкупна ширина од 25,2 метри, а на трасата ќе има и 6 натпатници и 13 потпатници, како и тунелот „Пресека” со две цевки. Ќе го гради кинеската компанија „Сајнохидро корпорејшн лимитед“. Градежните работи ќе почнат истовремено на три локации за да завршат за четири години. Во активностите ќе бидат вклучени и повеќе градежни и други компании од земјава. Согласно договорот, 51 процент од луѓето што ќе работат ќе бидат од Македонија, од општините кои гравитираат околу автопатот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top