Портпаролот на ОО на СДСМ Иваноска Љупка, во име на својата политичка опција, денес се обрати пред охридската јавност, како загрижени за ниското ниво на демократија кое не го одбегнува ниту Охрид.
Доволна е само една искра за да се разгорат партиските страсти. Охридските социјалдемократи денес одржаа прес односно брифинг разговор, како што самите потенцираа на актуелната тема – замолчување на медиумите. Тие наводно застанаа во одбрана на новинарската професија, притоа не испуштајќи да го повикаат дежурниот виновник за сите случувања во оваа свера, премиерот Никола Груевски. Портпаролот на ОО на СДСМ Љупка Иваноска изјави дека со информативниот разговор кој што вчера бил воден во охридската полиција со новинарот Љупчо Танески, бил направен удар врз демократијата.
Иваноска во свој стил кажа дека неможе Груевски да продолжи да продава ефтин популизам и да убедува дека не врши притисок, без да се осврнува на пораките од Брисел и Вашингтон.
Портпаролот на охридските социјалдемократи Иваноска, му порача на Груевски, во името на демократијата и во името на Македонија да престане со методите својствени на диктаторскиот режим кој го применува.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град