Се наѕираат можни измени во Законот за работни односи. На иницијатива на министерот за образование Тодоров и министерот за социјала Бајрами, можно е просветителите побрзо да си го решат својот работен статус. Законот за работни односи се однесува и на јавниот и на приватниот сектор, но двајцата министри бараат од тоа исклучок да биде образованието. Моментално според овој закон потребни се 5 години работно искуство за да се добие решение на неопределено време.
Директорот Рилкоски вели дека во гимназијата со нерегулиран статус има околу 15 до 20 професори. Тој додаде дека голем дел од нив веќе во овој момент би ги исполнувале условите доколку се направат овие измени во законот.
„Доколку биде тоа така, значи ако тоа законски биде регулирано, би апелирал до министерството, а и до министерот Охрид и конкретно нашата гимназија во ниеден случај да не биде избегната. Тоа не е привилегија туку тоа е закон и треба да важи за сите. “ рече-Наум Рилкоски-Директор на гимназијата „Св.Климент Охридски“
Рилкоски додаде дека не треба да се држат во неизвесност вработените бидејќи тоа е една неблагодарна положба.
„Ние од искуство еве додека сум јас директор, но и претходно едни добри 5-6 години во тој дел во однос на решенијата нашите вработени кои го исполнуваа она што е уште актуелно, значи 5 години непрекинат стаж во училиштето добиваа решенија единствено по пат на тужба.“ додава Рилкоски
Со ваквите можни измени во Законот за работни односи се очекува да се решат статусите на голем број вработени во образованието. Утврдувањето на точната бројка треба да заврши до крајот на месецов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град