Училиштето Св. Климент Охридски ги прати европските трендови

Од нареднава недела во училиштето Св. КЛимент Охридски се воведува едносменска настава. Овој начин на работа е на задоволство на учениците и родителите.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Sv Kliment Ohridski
Св. Климент Охридски

Од нареднава недела во училиштето Св. КЛимент Охридски се воведува едносменска настава. Овој начин на работа е на задоволство на учениците и родителите.

Основното училиште Св. Климент Охридски воведува едносменска настава. Од в понеделник учениците ќе одат на училиште само претпладне. „Оваа идеја е одамна, вели директорката Славица Илиќ, но чекавме да се создадат услови за нејзина реализација. Во тоа ни помогна и локалната самоуправа, објаснува таа а придобивките од ваквиот начин на работа ќе бидат многукратни. Со едносменската настава во голема мера ќе се намалат проблемите околу организацјата на предавањата бидејќи сите наставници во исто време ќе бидат присутни, објаснува Илиќ. Позитивности има и во педагошкиот дел бидејќи учениците претпладне се многу поодморени и поподготвени за работа“, додава директорката на ова училиште.

uceniciСо воведувањето на едносменската настава училиштето Св. Климент Охридски се вклучува во европските токови, вели директорката Илиќ. Во Европа ниту едно училиште не работи во две смени. Во попладневните часови во училиштето ќе се одвиваат сите воннаставни активности. Продолжениот престој кој функционира во рамките на ова училиште останува и понатаму. Децата ќе бидат згрижени до 16 часот и 30 мин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top