Основните училишта во градов се подготвуваат за новата учебна година

Се прават последните подготовки за почнување на новата учебна година. Основните училишта во градов интензивно работат на подобрување на условите за одвивање настава. Средствата од буџетот на општината делумно ги задоволиле потребите за санација на училиштата, а делумно зафатите се направиле од спонзорства.

 |  Јаковлева Лионела  | 
uciliste

Основните училишта во градов забрзано се подготвуваат за новата учебна година.
Распустот беше искористен за да се реновираат, исфарбаат, за да се уредат училниците, а се работеше и на дворните површини. Во уредувањето на ОУ „Христо Узунов“ биле вклучени и вработените. Директорот Тони Симоноски вели дека сите заедно работеле за училиштето на 1ви септември да светне во полн сјај.

Во тек на ова тромесечие го саниравме она што беше запоставено  и руинирано. Доста од просториите се исфарбани, уредена е спортската сала и поголем број кабинети и набавени се нови надгледни средсва, вели Симоновски.

Летово интензивно се работело и на уредување на училиштето Св. „Климент Охридски“. Во ова училиште биле направени повеќе санациони зафати со кои се подобрилче условите за одржување на настава.

Во тек на летниот период се вршеше планирање на програмата за работа. Се вароса училиштето, се тапацираше училишниот мебел. Се направи заштитна ограда, поставена е нова конструкција за велосипеди, се поставија клупи во ходниците, вели Јордан Пуроски-директор на Св. „Климент Охридски“.

Основното училиште „Григор Прличев“ ова лето се соочило со еден горлив проблем. Во повеќе наврати зградата на училиштето била мета на хулиганско однесување при што биле искршени стакла од влезната врата и биле оштетени прозорците. Директорката Силвија мојсоска вели дека штетата е санирана, но апелира до граѓаните да не се повторуваат вакви немили настани бидејќи училиштето е простор кој треба да биде пријатно катче за нивните деца, а не простор каде некој ќе покажува сила и моќ. Тие за да се заштитат од вакви несакани појави поставиле заштитна ограда околу училиштето, а планираат да стават и безбедоносни камери. Покрај тоа летово интензивно работеле и на подобрување на условите за настава во училниците.

Имавме поправки на постоечкиот инвентар ја поправивме оградата, се заградивме и со градинката Јасна Ристеска. Добивме донација на училишен мебел со што ќе опремиме две училници, направивме дезинфекција на просториите, вели Силвија Мојсоска-директорката на ОУ „Григор Прличев“.

Од Локалната велат дека подготовките во сите училишта во градов за почетокот на новата учебна година се при крај. Средствата кои биле издвоени од буџетот на општината делумно ги задоволиле потребите за санација на училиштата, а делумно тие се направиле од спонзорства.

Морам да признам дека на многу места треба интервенирање од Локалната самоуправа. Таа во рамките на своите можности го прави тоа. Ангажирани се и јавните претпријатија при извршување на некои зафати во училиштата.. Морам да напоменам дека имаме ветување од Министерството за образование и наука дека  ќе ни помогнат за да реализираме некои капитални проекти во училиштата, вели Ангел Јанев-заменик градоначалник.

Јанев кажа дека министерството им ветило оти ќе даде пари за санација на покривот на ОУ Григор Прличев, за реновирање на ЕМУЦ Св. „Наум Охридски“ и на ОУ Св. „Наум Охридски“ во Пештани, а ветило и дека ќе ја финансира и изградбата на две спортски сали.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top