Училишни униформи, да или не?

Многубројни иницијативи завршуваа неуспешно, што е променето? Пред воведување на униформите се наоѓа основното училиште „Григор Прличев“. Ваквиот предлог беше проследен со бурни реакции од некои родители. Мнозинството ја поздравува идејата.

 |  Мишел Наумоски  | 
ucenici
ученици

OU Gligor PrlicevУчилишни униформи за децата од основното училиште „Григор Прличев“. Овој муабет се слуша низ целиот град. Некои родители со жестоки реакции за предлогот. Како што кажува и името, ова засега е само предлог, кој според директорот на ова училиште, Сашо Ставрески сеуште не е целосно разработен и треба и понатаму да се разгледува. По овој предлог се состанал и советот на родители од ова училиште.

„На тој состанок на совет на родители беше донесена одлука за да се формира комисија што ќе работи на овој предлог. Комисијата беше формирана од членови на советот на родители. Советот го сочинуваат 53 претставници од паралелките. Од 53 паралелки, 53 преставници. Значи секој член на советот ги претставува сите родители од паралелката. Од собраните информации најмногу се дискутираше за опцијата џемперче, со маичка и елече“.-рече Сашо Ставрески-Директор на ОУ „Григор Прличев“

Комисијата веќе излегла со предлог, што, може да биде прифатено како униформа. За таа цел било одлучено да се свикаат родителски средби. На овие средби ќе се одреди кое ниво на квалитет е прифатливо за родителите. Поделени мислењата од кога да се воведат униформите.

Sasho Stavreski„Мислењето на дел од родителите беше дека може веднаш да се почне, а добар дел од родителите кажаа дека треба време да се порачаат тие униформи, па да се направат, и дека најдобро е да се почне од Септември. Како образложение беше наведено на родителските средби дека децата ќе нараснат до Септември така да најдобро е да се почне на почетокот од новата учебна година што ние како училиште би немале ништо против затоа што целата работа ќе ја врши Советот на родители“-додаде Директорот.

Предложената униформа чинела околу 1550 денари, која би требало да се плаќа на 3 рати, но тоа било само предлог кој сеуште не е усвоен. Покрај олку реакции се наметнува прашањето што треба да се постигне со овие униформи.

Сепак безбедносниот аспект е можеби најважен фактор. Препорака за воведување на овие униформи дошла и од ЗЕЛС. Со воведување на униформите се очекува можноста за насилни инциденти да се сведе на минимум.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top