Училишните спортските сали сеуште не се под капата на Ј.П. „Билјанини извори“

Оваа учебна година со салите ќе стопанисуваат училиштата. Промените во ваквата состојба ќе се случат со влегувањето на општината во втората фаза на децентрализација.

 |  Лионела Јаковлева  | 
sportska sala
sportska sala

Оваа учебна година со салите ќе стопанисуваат училиштата. Промените во ваквата состојба ќе се случат со влегувањето на општината во втората фаза на децентрализација.

Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, „Билјанини извори“, не стопанисува со спортските сали во средните и основните училишта во градов. При неговото формирање се најавуваше дека  овие спортски објекти ќе бидат под  негова ингеренција, но засега сосјбата е ваква, вели Иван Цветкоски, директор на ЈП „Билјанини извори“.

ucilisna salaЕдна од причините што со спортските сали и оваа година ќе  стопанисуваат училиштата е тоа што општината сеуште не е влезена во втората фаза на децентрализација. Тоа значи дека нема целосни ингеренции во делот на образованието. Цветкоски кажува дека моментално ова новоформирано јавно претпријатие кое се сретнува со голем број проблеми не ни може да ги стави под своја капа училишните сали.

Инаку, од училиштата велат дека од издавањето на спортските сали на граѓани кои рекреативно се занимаваат со спорт имаат солиден извор на финансии. Со тие пари во училиштата се направени и се прават многу зафати за подобрување на условите во кои учат децата. Трошоците за одржување на салите ги покриваат самите училишта , а само мал дел финансира локалната. Затоа, сугерираат од училиштата, во иднина добро да се размисли како со салите домаќински ќе се стопанисува па од тоа да имаат корист и општината и училиштата.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top