Училишните спортови се враќаат на голема врата. Од денес започнува одржувањето на спортските лиги на мали спортови. Професорите по физичко и здравствено образование велат дека училишните спортови се многу значајни за правилниот раст и развој на децата, како и за нивниот интерес за спортот. Локалната даде целосна поддршка на овој настан.
По тригодишна пауза, од денес, повторно започнува одржувањето на спортските лиги на мали спортови. Локалната оваа година издвои средства за оваа намена на задоволство на учениците, професорите по физичка култура, но и на сите љубители на спортот. Ќе се игра футсал, пинг понг, шах, одбојка, баскет, атлетика и фудбал. Учениците од сите основни и средни училишта во градов ќе се натпреваруваат во овие спортови во наредниот период.
Јоне Станкоски кој е професор по физичко и здравствено образование се надева дека овие спортски лиги ќе имаат континуитет бидејќи се многу значајни за правилниот раст и развој на децата, како и за нивниот интерес за спортот.
Ова е основата од каде тргнува развојот на спортот. Според законот за Локална самоуправа основно е таа да вложува во развојот на училишниот спорт и тоа е базата од каде понатаму произлегуваат спортските таленти кои можат да постигнат и големи успеси и во професионалниот спорт, вели Станкоски.
Од Локалната велат дека тие на секој можен начин го потпомагаат развојот на спортот во градов. Инвестираат во спортски игралишта, во училишни сали и други спортски терени. Ветуваат дека и понатаму ќе го поддржуваат училишниот спорт и опстојувањето на спортските лиги.
Видливи се напорите и на Локаланата и на градоначалникот во насока на осовременување на спортските објекти, а и во раздвижување на спортскиот дух. Локалната им ги отстапува сите спортски терени на рекреативците и професионалците кои се занимаваат со некој спорт. Полека ама сигурно се издига и затворениот пливачки базен па мислам дека ќе се создадат уште подобри услови за развој на спортот во градов, вели Ангел Јанев, заменик градоначалник.
Натпреварите ќе се одржуваат еднаш до два пати неделно, а влезот е бесплатен, па се повикуваат сите родители и љубители на спортот да дојдат да ги гледааат и да ги бодрат младите спортисти. Оваа лига и натпреварите во сите останати спортови завршуваат заклучно со 24 Мај, денот на словенските просветители. Тогаш на најдобрите во сите спортови ќе им се доделат награди. Ќе биде прогласен најдобриот стрелец, голгетер, најдобра екипа, најдобар голман.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град