Училишната лектира главоболка за родителите

Лектирите за основците ги нема во доволен број. На овој проблем деновиве реагираа родители кои велат дека тешко се обезбедува потребната училишна лектира. Од градската библиотека велат дека располагаат со голем фонд училишна литература. Директорите на училиштата сметаат дека проблемот може да се надмине доколку не са дава истиот наслов во повеќе класови истовремено.

 |  Николоска Биљана  | 
biblioteka

 

Неколку библиотеки треба да посетиме за да ја обезбедиме лектира за нашите деца, а не ретко се случува и да ја нема и во училишната и во градската библиотека. На овој проблем укажаа родители кои сметаат дека наставниците не би требало во ист период лектирата да ја даваат на повеќе класови. Дел од нив вината ја гледаат и во нивните деца за кои сметаат дека се помалку неодговорни и во последен момент  ја бараат соодветната лектира. Телевизија ТВМ се обиде да открие дали постои проблем од ваков карактер и каде може да се бара одговорноста. Првиот човек на градската библиотека Александра Белевска Танеска тврди дека располагаат со голем број на книги од детската литература и имаат фонд од 30 159 книги.

„Ние располагаме со огромен фонд на книги во детско одделение, пример „Автобиографија“ е доста барана книга која библиотеката ја има во 55 примероци, „Сребрените снегови“ 44, „Странецот“ 47 и да не ги набројувам сите, но ние не може да имамме онолкав број на лектирни изданија колку што има деца во нашиов град. Колкав број има точно библиотеката секој може да пребара на cobis.mk  на втората страна е сместена охридската библиотека токму на овој“ – вели Белевска – Танеска.

Полиците на училишните библиотеки имаат доволен број на лектири кои се обработуваат во учебната година, категоричен  Јордан Пуроски, директорот на ОУ „Св Климент Охридски“.

„Кај нас библиотеката располага со вкупен фонд од околу 13 000 наслови. Во однос на лектирите за сите ученици од генерацијата во нашата библиотека имаме доволен број така да нашите ученици веднаш можат откако наставникот ќе ја зададе лектирата да си го изнајмат. Не се соочуваме со такви проблеми така да одлично фуккционираме“ – изјави Пуроски.

И училишната библиотека во „Христо Узунов“ ги задоволува потребита на учениците како што пренесе директорот Тони Симоноски.

„Ние не сме се соочиле со таков проблем и не знам како колегите го решаваат тој проблем, мислам дека треба да има компромис доколку книгата ја нема ниту во училишната ниту во градската библиотека. Ние сме во дослух со градската библитека и се случува да побараме стручна литература, но како училиште ние сме доста спремни со фондот на лектири“ – нагласи Симоноски.

Директорката на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсоска, рече дека доколку постои проблем со недоволен број на лектири во училишните библиотеки, би можело да се направи разговор со наставниот кадар, во поглед, дадената лектира да не се подготвува во ист период со неколку класови од генерацијата. Таа смета дека и децата треба да се поодговорни и веднаш штом ја прочитаат книгата навреме да ја вратат, со цел да можат и останатите ученици да ја прочитаат. Инаку како што информираа директорите на училиштата лектирниот фонд постојано се обновува, но бележат и зголемен број на заинтересирани ученици за членство во библиотеките.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top