• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Учениците и наставниците од охридската гимназија подготвени во случај на елементарни непогоди

Учениците и наставниците од охридската гимназија подготвени во случај на елементарни непогоди

Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Црвен Крст Охрид, вчера во Средното општинско училиште „ Св. Климент Охридски” во Охрид се спроведе показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес.

 |   | 

Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Црвен Крст Охрид, вчера во Средното општинско училиште „ Св. Климент Охридски” во Охрид се спроведе показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес.
Вежбата има превентивен карактер, а целта е подигнување на степенот на безбедносни мерки и подготвеност кај учениците и наставниците за поефикасна заштита при земјотреси, пожари и други елементарни непогоди.

Показната вежба се спроведува согласно планот за евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата за практично да се види како би реагирале наставниците и учениците во случај на елементарни непогоди, колку ефикасно би била спроведена безбедна евакуација, каква е координацијата со образовните центри и со другите фактори коишто беа инволвирани во реализацијата на оваа показна вежба.

Вежбата треба да придонесе за изготвување на поефикасни планови, за подоследно, поцелосно и поефективно спроведување на мерките кои се предвидени при процес на евакуација. Покажа како практично на терен би дејствувале учениците, наставниците и останатиот персонал во училиштата во случај на елементарните незгоди, но и субјектите кои се повикани при преземање на мерки во вакви слуачи. Во оваа показна вежба се покажа дека учениците и наставниците, прилично ги познаваат мерките и постапките кои треба да ги преземат во вакви случаи и дека одлична е соработката во делот на информирање, навремено повикување на Брзата помош, на полицијата и ТППЕ, како и подготвеноста на екипите на Црвен крст да преземаат мерки за спасување на повредено лице.

Екипите на СВР Охрид во значително ниво ја покажаа својата подготвеност за дејствување во вакви случаи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top