Ученичкиот дом „Ванчо Питошески“ од Охрид подготвен да прими 125 ученици

На веб страната на Министерството за образование и наука објавен конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во земјава за учебната 2021/2022 година.

 |   | 

На веб страната на Министерството за образование и наука објавен конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во земјава за учебната 2021/2022 година.

Во ученичкиот дом „Ванчо Питошески“ во Охрид ќе има место за нови 125 ученици, а слободни вкупно 2578 места за сместување и исхрана на ученици од средното образование, во 18 домови

Согласно здравствениот протокол за справување со COVID-19, во јавните ученички домови во една соба се сместуваат 50 % ученици од вкупниот капацитет на собата и право на сместување ќе имаат само учениците кои имаат настава со физичко присуство или комбинирана настава.

Доколку во текот на идната учебна година се надмине пандемијата и ќе се создадат услови за сместување со полн капацитет, во домот ќе се сместат сите ученици кои стекнале право на сместување со Конкурсот.

Првенство при прием во ученичките домови ќе имаат ученици запишани во I, II, III или IV година во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови низ земјава.

Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на веб-страницата www.konkursi.gov.mk Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во втора, трета и четврта година ќе почне од 24-ти јуни и трае до 1-ви јули, а рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во прва година почнува од 2-ри јули и ќе трае до 9-ти јули.

Листата на примени ученици ќе биде објавена на веб-страницата на Министерството за образование и наука, како и на огласната табла на домот најдоцна до 15-ти август, а вселувањето на примените ученици ќе почне од 31-ви август 2021. Учениците што ќе бидат примени за сместување и исхрана во дом, сами ќе ги плаќаат трошоците за превоз од и до постојаното место на живеење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top