Викендов се одржа регионалниот нaтпревар по математика и физика организиран од колеџот Кемал Јахја во Струга.
Викендов се одржа регионалниот нaтпревар по математика и физика организиран од колеџот „Кемал Јахја„ во Струга.
Инаку на овој регионален натпревар за југозападна Македонија ( Струга, Вевчани, Охрид, Дебрца, Другово, Дебар, Центар Жупа, Ресен, Кичево, Пласница и Демирхисар) ,кој по петти пат се одржува во „Јахја кемал“ колеџот, учествуваа преку 200 осмооделенци од основните училишта од овие градови ,
Ученикот Христијан Вичороски, од ОУ „Дебрца“ : од село Мешеишта го освои третото место. Негов ментор беше професорот Наум Јованоски
Христијан покрај скромната парична награда доби и право директно да се запише во приватниот колеџ „Јахја Кемал“ со 60% попуст на школарината, како и сертификат за освоено трето место на регионалниот натпревар по математика и физика.
Ова е комплетната листа на десетте најдобри од натпреварот: Димитар Карамаџоски ОУ „Јосип Броз Тито“- Струга, Бојан Софрониевски од Кичево, третото место го освои Христијан Вичоровски од ОУ „Дебрца“, четврторангирана е Леонора Велкоска од ОУ „Страшо Пинџур“- Вевчани. Меѓу првите десет наградени ученици се и Антонио Марковски ОУ „Григор Прличев“, Билјана Јаковческа ОУ „Христо Узунов“, Елеонора Божиноска од Кичево, Мартин Тајаманоски ОУ „Св. Наум Охридски“- Пештани, Невена Михајлоска ОУ „Григор Прличев“, Љупчо Бојаџиев ОУ „Св. Климент Охридски“ и Дурата Камбери од Ресен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град