Групи на деца од О. У. „Братство Единство“ изработија новогодишни честитки на три јазици, македонски, турски и албански јазик. Истите веќе се изложени на продажба во холот на училиштето, а собраните средства од продажбата ќе одат во хумани цели.
Pаботилница за рачна изработка на честитки по повод претстојните новогодишни празници во О.У. „Братство Единство“. Во пријатна атмосфера поткрепена со искрено дружење помеѓу учесниците на оваа работилница беа изготвени најразновидни новогодишни честитки. Карактеристично за овие честитки е тоа што тие се единствени и неповторливи, бидејќи секоја една честитка е лична креација на секој учесник одделно, вели педагогот Дрита Ќато. Додава дека со тоа децата покажаа дека постои меѓуетничка интеграција во образованието,
„Токму денес ова што се случува во училиштето е една иницијатива на ученичката заедница. Значи тие поведоа една иницијатива прво да изработат новогодишни честитки, а потоа да ги продадат и од денес по во наредните 7 дена ќе се продаваат и од собраните средства да донираат во хуманитарни акции и во училиштето и надвор од него“ – вели Ќато.
Новогодишните честитки ги радуваат сите. Уште повеќе ако се рачно изработени од нашите најмили. Со неколку техники и материјали со убави бои и дизајни успеавме да ја пренесеме нашата порака за новогодишните празници, велат учениците од мешан состав од О.У. „Братство единство“.
„Учениците од македонски, албански и турски наставен јазик презедовме иницијатива за изработка на новогодишни честитки. Групите во кои работевме беа од различен состав соработувавме и се дружевме а тоа докажува дека иако сите сме различни, сите сме исти“.
Изработката на новогодишните честитки на основците од „Братство единство“е во рамките на активностите од проектот меѓуетничка интеграција во образованието. Училиштето во овој проект се вклучи минатата учебна година и во негови рамки спроведува и низа заеднички наставни активности.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град