Утрово Анита Танеска , беше убиена со три убоди од нож, пред домот на најзините родители.
Утрово Анита Танеска , беше убиена со три убоди од нож, пред домот на најзините родители. СВР Охрид трага по единствениот осомничен, нејзиниот сопруг.
Жителите на ул. Лазо Трпоски осамнаа во шок. Утрово нивната сосетка 24 годишната Анита Танеска, беше грозоморно убиена пред вратата на нејзините родители.Убиството се случило околу 3 часот и 45 минути од засега непознат сторител. Убиството е извршено со нож при што на жртвата и се нанесени повеке убоди во пределот на главата, градите и стомакот, велат од СВР. Во текот на денешниот ден, врз сега починатата ќе биде извршена обдукција од страна на стручни медицински лица на Судската медицина. На лице место извршен е увид од страна на Истражен судија при Основниот суд во Охрид, Јавен Обвинител и екипа од СВР Охрид.
СВР потврди дека во непосредна близина на селото Оровник пронајдено е патничко моторно возило марка ,,БМВ,, со Охридски регистарски таблички ,за кое се верува дека го управувал сопругот на убиената.
Истрагата која е во тек, треба да ги утврди и останатите детали со цел целосно расчистување на овој трагичен настан. Тим од полициски службеници, работаат на пронаоѓање на лицето за кое се има основи на сомнение дека е можен сторител на кривичното дело.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град